Головите се загарантирани на „Енфилд роуд“, Арсенал нема да загуби на гостувањето

1005 Ливерпул – Лестер (20:15 ч.)

Актуелниот првак има многу проблеми пред овој меч. Речиси еден комплетен тим е отсутен и Јирген Клоп ќе мора да направи комбинација за да се спротистави на Лестер. Александер-Арнолд, Џо Гомес и Ван Дајк недостасуваат во одбраната, а капитенот Хендерсон, потоа Чемберлејн и Салах ќе ги нема во средината и нападот. неизвесно е дали ќе играат и Алкантара, Фабињо и Вилијамс.

Лестер е речиси комплетен и тоа може да биде шанса за гостите, кои се во одлична низа од шест победи по ред. Ливерпул победувал на пет од последните шест меча со овој ривал,  традицијата вели дека на 13 од последните 14 меѓусебни средби имало најмалку по два гола, а дури 10 пати било гол-гол.

Предлог тип: ГГ3+ (1.83)

 

1010 Лидс – Арсенал (17:30 ч.)

На почетокот на годинава, овие екипи играа во ФА Купот и Топчиите победија минимално со 1:0. Лидс е екипата со најслабата одбрана во лигата и тоа треба да е најава за меч со погодоци. Арсенал загуби на три од последните четири средби во Премиер лигата и сигурно сега гостите се под притисок дека треба да освојуваат бодови.

Лидс е без многу квалитет, но отоврената игра придонесува да има атрактивни мечеви, но тешко дека домаќините ќе успеат да се радуваат, иако играат на свој терен.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.25) – квота на денот во Sport Life

 

3010 Наполи – Милан (20:45 ч.)

Со три победи во три гостувања, Милан сезонава е најопасен гостин. Росонерите се надеваат дека и по ова коло ќе ја задржат челната позиција во Серија А, но гостувањата во Неапол за нив се секогаш тешки. Повеќе од 10 години Милан се нема израдувано на победа на стадионот „Сан Паоло“.

Наполи токму против Милан треба да покаже дека има квалитет за да го брка скудетото, па домаќините сигурно ќе тргнат во атак на трите бода.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)

 

1307 Кадис – Реал Сосиедад (16:15 ч.)

Долг е списокот на повредени играчи во двата тима. Во една таква ситуација, гостите треба да се во предност, бидејќи имаат поголем фонд на квалитетни играчи.Сосиедад игра одлично и не случајно е лидер во Примера. На гости сезонава има три победи и едно реми без пораз, со одлична гол разлика 11-2.

Кадис игра бункер, тактика која дава резултат на гостински терен, каде досега освоија 12 од вкупно 14 поени. Кога се на свое буниште, Кадис не знае да нападне, да направи акција за гол, па затоа во четири меча има освоено само два бода.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

1637 Твенте – ПСВ (16:45 ч.)

Две екипи кои многу повеќе размислуваат за нападот, па затоа се веднаш зад Ајакс по ефикасноста во холандското првенство. Твенте дома е прилично сигурен со три победи и реми, но гостите од Ајндховен секогаш знаат да бидат опасни.

На последните пет меча на Твенте имало вкупно 22 гола, односно над 4 во просек по меч. Сличен е просекот и на ПСВ, на чии последни пет средби имало вкупно 18 погодоци. Едноставно ова е дуел да се игра на голови.

Предлог тип: 4+ (2.45)

 

- Оглас -

Најнови вести