Гонзало Игуаин се договори со новиот клуб, заминува кај една голема легенда!

Искусниот аргентински голгетер Гонзало Игуаин е во процес на раскинување на договорот со Јувентус, а откако и формално ќе се раздели од Старата дама, ќе може да го облече дресот на новиот клуб. Според најавите, Игуаин веќе го има најдено новиот клуб и се чека само формално да биде сè решено пред да биде и промоцијата.

Се очекува досегашниот напаѓач на Јувентус во новата сезона да го носи дресот на Интер Мајами. Најавите се дека Игуаин се договорил со сопственикот на клубот Дејвид Бекам и дека договорот треба да биде потпишан до декември 2022 година.

 

- Оглас -

Најнови вести