Ѓорче Петров вторпат победи и се пласира во осминафиналето од Европскиот куп

Ракометарките на Ѓорче Петров и вторпат го победија белгиски Ојпен и се пласираа во осминафиналето на Европскиот куп. Двете екипи повторно одиграа меч со голем број на погодоци, па откако првиот натпревар заврши 39-45, вечерва во Скопје беше 48-36.

Првото полувреме мина во израмнета игра, а предноста од два гола разлика на полувремето (22-20) за Ѓорче Петров беше заработена во последните моменти од првиот дел. Во второто полувреме, шампионките на Македонија тргнаа фуриозно и брзо се одлепија резултатски, предност која успеаваа да ја зачуваат се до крајот на натпреварот за победа од 48-36.

Ана Марија Коларовска и Емилијана Ризоска со по 11 голови беа најефикасни во редовите на Ѓорче Петров, но и воопшто на натпреварот.

Со оваа победа “ѓорчепетровки“ се помеѓу најдобрите 16 екипи во третото по ранг европско натреварување во женска конкуренција. Осминафиналето на програмата е веднаш после новогодишните празници.

 

- Оглас -

Најнови вести