Горчлив аспирин на „Бај арената“ за Милонерите од Дортмунд

Баер Леверкузен забележа голема победа против Борусија Дортмунд и вечерва на „Бај арената“ го доби дербито на 17-тото коло во Бундеслигата со 2:1.

Тинејџерот Флоријан Вирц, кој има само 17 години, го постигна победничкиот гол во 80-тата минута, а неговиот камбек по 3 меча пауза поради повреда се случи во вистински момент за популарните Фармацевти од Леверкузен.

Победничкиот гол на Вирц можете да го погледнете ОВДЕ. Претходно прецизен за Баер беше Муса Дијаби во 14-тата минута, а единствениот гол за гостите од Дортмунд го постигна Јулијан Брант во 67-мата минута.

Со победата вечерва Баер се проби на втората позиција во Бундеслигата со 32 бода од 17 меча, колку што има и Лајпциг, но со натпревар помалку.

Лидер е Баерн со 36 бода, а Борусија и Волфсбург, екипа која вечерва го победи Мајнц со 2:0 на гости, имаат по 29 бода.

Во третиот меч што се играше од 20.30 часот Хофенхајм како гостин ја победи Херта со 3:0, а во единствениот дуел од 18.30 часот Борусија Менхенгладбах на свој терен триумфираше против Вердер со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести