Горчлива седмица за Тедеско – Шалке 04 го смени тренерот

Доменико Тедеско е сменет заедно со своите помошници во Шалке 04 по горчливиот пораз од 0-7 против Манчестер сити во реванш-мечот од Лигата на шампионите.

Тедеско, кој има само 33 години, доби отказ, а резултатите сезонава му беа прескромни. Во Бундеслигата Шалке 04 сè уште стравува за опстанокот, а во ЛШ во осминафиналето е елиминиран од Манчестер сити со вкупен резултат од 10-2, што е голем неуспех за германската екипа.

Доменико дојде во тимот од Глезенкирхен на возраст од 31 година како еден од најмладите тренери во европскиот фудбал, а имаше одлични резултати лани. Шалке 04 заврши како второпласиран во Бундеслигата и се избори за настап во Лигата на шампионите, каде што туркаше солидно до двомечот со Манчестер сити.

На местото на Тедеско во Шалке 04 се врати Хуб Стевенс, познато лице на „Ауф Шалке арената“. Белгиецот на двапати претходно беше тренер на Шалке 04.

- Оглас -

Најнови вести