Горчливо „три во едно“ за европските прваци – Загубија, ја загадија околината и ги изнервираа навивачите

Навивачите на Нотингем форест се бесни на своите миленици и ги нарекоа размазени и преплатени фудбалски ѕвезди по елиминацијата од Блекпул во ФА купот на Англија.

Најмногу им замеруваат што инсистирале да патуваат со авион на дестинација што на тој начин е одалечена само 39 минути, иако и пат со автобус до Блекпул не би бил долг и би траел околу два и пол часа.

Пресметано е дека популарните Шумари со чартер летот до Блекупул ја загадиле околината со испуштена емисија од 5220 килограми јаглерод диоксид.

За да биде уште полошо Нотингем форест кој е поранешен двоен европски првак загуби убедливо со 4:1 од Блекпул, екипа која игра еден ранг подолу од Премиер лигата, во Чемпионшип лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести