Гори „црвено-црниот“ дел од Милано за Росонерите – Спектакуларно испраќање на Милан на пат кон титулата (Видео)

Навивачите на Милан го чекаат Скудетото во Италија долг период, не се радувале на домашната титула од 2010/11, а сега очекуваат конечно пехарот да стаса во нивниот дом и на спектакуларен начин ги испратија навивачите на гостувањето кај Сасуоло.

Milan fans at the Stazione Centrale in Milan before their departure to the Sassuolo away game from soccer

Милан со победа и со реми сигурно ќе ја освои 19-та шампионска круна во Италија, а може да биде нов првак и со пораз, ако Интер не ја победи Самдорија.

Милан има 83 бода и подобар меѓусебен биланс од Интер, кој го почнува последното коло со 81 бод.

Двата клучни дуели за титулата ќе се играат вечерва во 18 часот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести