Ѓоревски: Скопје е во трка за организирање на завршниот турнир во АБА 2

Генералениот извршен директор на МЗТ, Филип Ѓоревски објасни дека поразот во финалето на Купот и неуспехот да се одбрани пехарот е причина поради која беше направена смена на тренерската функција.

Според Ѓоревски, Ацо Петровиќ треба да е тренерот со кој ќе се стигне до нова титула во првенството, но и конечно враќање во АБА 1 лигата. Што се однесува до регионалното натпреварување, МЗТ е во конкуренција за организирање на завршниот турнир во плејофот.

„Испративме кандидатура да бидеме домаќини на завршниот турнир во АБА 2 лигата. Освен Скопје, во конкуренција се и Белград и Сараево. Домаќинот на турнирот треба да биде познат следната недела“, откри Ѓоревски.

 

- Оглас -

Најнови вести