Ѓорѓевиќ објави фотографија од милион долари, ја красат Маршалот и италијанската легенда (Фото)

Еден од најдобрите српски кошаркари на сите времиња, Александар Ѓорѓевиќ објави фотографија од милион долари и навистина во колекцијата има нешто што е раритет.

На фотографијата што по повод ослободувањето на Италија ја објави Ѓорѓевиќ се поранешниот претседател на оваа земја, Сандро Пертини, потоа и Јосип Броз Тито и едно дете.

Ѓорѓевиќ откри дека лево од Пертини е самиот тој, а на Твитер им го честита на Италијанците големиот празник 25. април, датум на кој во 1946 година е прогласена победа над фашизмот.

Ѓорѓевиќ играше за неколку клубови во Италија, а меѓу нив се гигантите Олимпија Милано, Фортитудо Болоња и Скаволини од Пезаро. Настапуваше и за белградски Партизан, тим на кој со тројка во последната секунда му донесе победа над Хувентуд во финалето на Евролигата во 1992 година, што е и единствената шампионска круна на „црно-белите“.

Интересно е што може да се пофали дека е еден од ретките кошаркари што играл за двата шпански гиганти и вечни ривали Реал Мадрид и Барселона. Мина една сезона и во НБА лигата како член на Портланд трејлблејзерс.

- Оглас -

Најнови вести