Македонскиот шампион во Лоу-кик, Димитар Ѓоргиев ќе бие битка за ново злато на големите натпреварувања, откако успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во Словачка.
Трикратниот свестки првак од Македонија доминира и во Братислава и со 3:0 го победи Милош Цвјетичанин од Србија за ново финале. Противник за златен медал ќе му биде рускиот кик-боксер Рамазан Баксанов.
Шанса за финале има уште еден македонски кик-боксер, Бобан Илиоски. Денеска во категорија до 81 килограм во К-1 тој ќе му се спротивстави на Белорусинот Дмитри Баранов.