Гори кај Пандев во Џенова, навивачите против претседателот: Тој е ѓаволот во клубот

Вистинска војна се води кај Горан Пандев во Џенова, во ситуација кога клубот се бори за опстанок во Серија А, а огромни недоразбирања и обвинувања има на релација навивачи – претседател.

Симпатизерите на Џенова го обвинија првиот човек на клубот дека се збогатил на сметка на продажбата на дузина играчи, а го нарекуваат Прециози, „ѓаволот на Џенова“.

Тие бараат да се работи транспарентно, а претседателот одговори дека се е чисто и дека од свој џеб го покрил зијанот од 11-12 милиони евра од лани и дека годинава се на позитивна нула.

„Мора да се сопре со таквите срамни обвинувања. Ме нарекуваат ѓаволот на Џенова, а ваквите обвинувања секогаш се појавуваат кога клубот е во некаква криза. Таквите луѓе не му сакаат добро на клубот. Дванаесет години играме во Серија А, а кога дојдов во клубот бевме на прагот да исчезнеме, на пат кон Серија Ц“, вели Прециози.

Џенова моментно е во незгодна ситуација, нема победа на четири меча по ред и има само пет бодови повеќе од Болоња, а има и тежок распоред во последните шест кола во Калчото.

Денеска од 15 часот ќе играат со Торино на домашен терен, а Пандев ќе отсуствува поради жолти картони.

 

- Оглас -

Најнови вести