Гори во Бремен, навивачите прават спектакл за мечот со Баерн (Видео)

Вердер веднаш има шанса да му се реваншира на Баерн за првиот пораз во 2019 година, а само по четири дена, шампионот на Германија денеска е гостин во Бремен.

Ќе се игра второто полуфинале во Германскиот куп и навивачите на Вердер веќе се на улиците на Бремен и пред стадионот „Везер“. Со спектакуларно шоу им даваат голема подршка на своите миленици да се обидат да стигнат до подвиг и да се пласираат во финалето.

Пред стадионот во Бремен е како во кратер, капацитетот ќе биде пополнет до последно место и амбиентот на еден час пред дуелот со Баерн е неверојатен.

- Оглас -

Најнови вести