Мачка со девет животи: Ја преживеа несреќата на Шапекоенсе, а и сега покрај него загина 21 лице, но не и тој !

Речиси пред пет години, фудбалскиот свет беше во голема тага по авионската несреќа во која загинаа многу фудбалери на бразилскиот тим Шапекоенсе. Тогаш животот го загуби 71 лице, а меѓу шесте преживеани беше Ервин Тумири, кој е воздухопловен техничар.

Тумири повторно е во центарот на вниманието на јавноста бидејќи преживеа уште една катастрофа, овојпат автобуска, во која загинаа речиси 30 лица. Автобусот се преврте во 150 метри длабок амбис во Боливија, а среќниот Тумири повторно се спаси и мина само со повреди на колената и грбот.

Изгледа човеков е миленик на Господ, а и веќе го нарекуваат „Мачка со девет животи“.

- Оглас -

Најнови вести