Господ ги слушна молитвите на Бетис, Меси нема да игра

Името на Лионел Меси не фигурира на листата на фудбалери на кои смета тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, за утрешниот натпревар на „Камп Ноу“ против Бетис. Меси во минатата сезона против Бетис даде прекрасен гол од слободен удар кој е кандидат за погодок на годината во изборот на ФИФА.

Од клубот од Севилја на шега го молеа Меси да не игра против нив, и тие молби им беа удоволени, секако не затоа што тие бараа, туку затоа што каталонците сметаат дека Меси не е 100 проценти закрепнат од повредата на мускулот на ногата.

Освен Меси, кај Барса ќе ги нема и Луис Суарес и Усман Дембеле, па повторно ќе треба Валверде да импровизира во офанзивната линија и да одлучи кои двајца ќе му прават друштво на Антоан Гриезман.

- Оглас -

Најнови вести