Господин човек: Вестбрук оставил бакшиш од 8.000 долари

Хјустон рокетс испадна во полуфиналето на Западната конференција од Лос Анџелес лејкер. Ракетите речиси два месеци поминаа во хотелот „Гранд Флоридијан“, каде што беа сместени за време на доигрувањето на регуларниот дел од сезоната и плејофот. На заминување од хотелот, првата ѕвезда на тимот, Расел Вестбрук на персоналот во хотелот им оставил бакшиш од 8.000 долари!

„Цело време одлично се грижеа за нас. Требаше многу труд, енергија и време за да го одработат својот дел од работата на високо ниво. Се покажаа дека се одлични во тоа, а јас сакам кога некој работите ги прави на најдобро можно ниво“, објасни Вестбрук за неговиот потег да даде напојница од 8.000 долари.

 

- Оглас -

Најнови вести