Гостите беа само статисти, од потоп ги спаси првиот европски шампион од Источна Европа

Екипата на Стеауа, или како што сега се нарекува ФЦСБ, е единствената што денеска победи како гостин на девет квалификациски натпревари за пласман во Лигата на шампионите или Конференциската лига на УЕФА.

Романскиот тим во квалификациите за Конференциската лига славеше со 1:0 во Словачка против Дунајска стреда и има предност пред реваншот во Букурешт.

Стрелец за првиот европски првак од Источна Европа беше Естонецот Јонас Там во второто полувреме.

Гостите особено беа лоши во квалификациите за Лигата на шампионите и претрпеа четири порази на пет меча.

Бодо/Глимт и Црвена ѕвезда славеа со по 5:0 против Жалгирис, односно Пјуник, Макаби Хаифа го декласира Аполон со 4:0, Динамо Киев го победи Штурм со 1:0, а само Ференцварош како гостин успеа да остане непоразен против Карабах во Азербејџан и одигра 1:1.

Во квалификациите за Конференциската лига, Рига и Жил Висенте одиграа 1:1, Волфсбергер ремизира без голови со Гзира, а Виборг го победи Б36 Торшавн со 3:0.

 

- Оглас -

Најнови вести