Гостите џабе патуваа – Евролигата е чудо, домаќините победија на сите натпревари (Видео)

Евролигата честопати знае да приреди возбудливи моменти, особено во тој стил беше минатата сезона, со многу драми, а и денеска се случи чудо на малку поинаков начин.

Се играат шест меча вечерва и на сите шест победија домашните екипи. Стопроцентниот ефект го најави Уникс Казањ со триумф од 73:70 против Баерн, па продолжија ЦСКА Москва со триумф над Зенит од 77:67, потоа и Алба со Фенербахче 84:70.

Лион го изненади актуелниот првак Ефес Пилсен со триумф од 75:73, Басконија во нов драматичен меч славеше со 81:79 против Панатинакос, а за максимален ефект на домашните екипи се погрижи и Милано со победа од 83:72 против Макаби.

Италијанскиот тим нема пораз во трите кола и е лидер на табелата со Лион, а можат да се приклучат и Олимпијакос или Барселона, зависно кој ќе победи на утрешниот меѓусебен меч на овие две екипи.

- Оглас -

Најнови вести