Гостите доминираа во квалификациите за ЛШ, два супер гола (Видео)

Норвешки Розенборг е најблиску до место во плејофот за влез во Лигата на шампионите, откако вечерва како гостин го совлада Марибор со 3-1, и си обезбеди комотна предност пред реваншот на свој терен. Не само Розенборг, туку сите тимови кои гостуваа вечерва, извлекоа позитивни резултати.

Минимално победи Порто со гол од слободен удар во финишот, се радуваа и Грците против Турците во меч на кој Босанецот Вишќа утна пенал со кој можеше да изедначи, а на гости минимална победа извојува и австриски Линц кај Базел, што е можеби и најголемото изненадување. Селтик се провлече на гостувањето кај романски Клуж, и има фини 1-1 пред реваншот во Глазгов.

РЕЗУЛТАТИ: Краснодар – Порто 0-1, Башакшехир – Олимпијакос 0-1, Базел – ЛАСК Линц 1-2, Клуж – Селтик 1-1, Марибор – Розенборг 1-3.

Ова е голот со кој Розенборг поведе со 1-0, на голманот на Словенците топката му мина „низ уши“:

https://www.youtube.com/watch?v=0ckv_0_9tng

 

Триумфот на Порто му го донесе Сержо Оливеира во 89-та минута:

https://www.youtube.com/watch?v=ZrqnWZXe438

 

- Оглас -

Најнови вести