Гостивар победи после долго време, Шкупи подобар од Лавовите, се израдува и Пандев

Попладнево се одиграа три натпревари од Првата македонска фудбалска лига, во кои домашните екипи имаа максимален учинок.

Брера Струмица и Воска спорт одиграа интересен меч кој домашните го добија со 1-0 с погодок во финишот, а дома победија и Гостивар со 2-1 над Тиквеш и Шкупи со 3-1 против Македонија Ѓорче Петров. Останатите три средби од ова коло се играат утре.

Гостиварци немаа победа од 3 март наваму, а денеска славеа против кавадарчани, со победнички гол на Кехинде во 78-ма минута.

Остануваат уште по шест меча за Шкупи во битка за титулата, а и за Македонија Ѓ.П. да се избори за опстанок. Денеска на „Чаир“, Шкупи беше подобар и со новите три бода се израмни со лидерот Струга кој утре игра со Брегалница, додека Лавовите од Ѓорче се претпоследни и имаат ист број бодови како штипска Брегалница која е последна.

Горан Пандев присуствуваше во Турново на дуелот на неговата Брера со Воска спорт, и се израдува на голот во 92-ра минута за триумф на струмичани од 1-0.

- Оглас -

Најнови вести