Гостувањата во Болоња му носат само радост на Јувентус (Видео)

Јувентус со радост патува за Болоња, а „Ренато Дал Ара“ е еден од омилените стадиони за играње на најтрофејниот италијански клуб.

Традицијата продолжи и вечерва, Јувентус ја победи Болоња на нејзин терен со 2:0 и се пласира во четвртфиналето на италијанскиот куп. Шампионот сега има неверојатна серија од 18 меча без пораз во Болоња, а и вечерва одработи на рутина.

Помош на фаворитот му стаса и од несмасниот тандем Да Коста, кој е голман и бекот Калабрези, кои се судрија во 9. минута, па Бернардески искористи за гол и предност од 1:0 на гостите од Торино. Голот погледнете го тука.

Вториот гол го постигна 18-годишниот дебитант Кин во 49. минута за сигурен пласман на Јувентус во селдната фаза од купот. Во четвртфиналето ги чека подобриот од дујелот меѓу Аталанта и Калјари.

- Оглас -

Најнови вести