Готово е: Барселона го договори најсилниот фудбалер од Премиер лигата

Барселона во вториот дел од сезоната во своите редови ќе го има Адама Траоре. Фудбалерот кој настапува во Вулверхемптон во Англија, утре треба да пристигне во Барселона и да ги помине лекарските прегледи, а потоа да го парафира договорот кој ќе го обврзе да остане на „Камп ноу“ до крајот на сезоната, и тоа како позајмен игра.

Промоцијата на новиот фудбалер на Барселона е закажана за в понеделник. Доколку Траоре задоволи со игрите во овие неколку месеци, каталонскиот гигант има опција да го отпуши неговиот договор од Вулверхемптон, и тоа за 30 милиони евра, плус бонуси.

Траоре треба да биде замена за Усман Дембеле откако Французинот најави дека не сака да го продолжи договорот со Барселона, а за тоа беше прекомандуван надвор од првиот тим.

- Оглас -

Најнови вести