Готово е: Леверкузен добива богатство од Челзи за Хаверц

Челзи конечно испрати прифатлива понуда до Баер Леверкузен за услугите на Кај Хаверц. Германската сензација се сели во Лондон за 100 милиони евра, од кои Фармацевтите ќе добијат 80 милиони евра во кеш, а останатиот дел ќе се подели во бонуси.

Хаверц претходно ги прифати условите да потпише со Сините, сите детали околу неговиот договор на „Стемфорд бриџ“ наскоро ќе бидат обелоденети. Управата на Челзи напорно работи да го подобри квалитетот на екипата на Френк Лампард, по Зијех и Вернер, младата ѕвезда на Баер е следното големо засилување.

Во меѓувреме се работи на ангажман на Тијаго Силва, бразилскиот стопер кој од денес е слободен играч по истекот на неговата соработка со европскиот вицепрвак ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести