Гоце Седлоски со солзи во очите: „Денес си одам од Вардар, овие момци дадоа се за мене“

Кога пред една ипол година го презеде Вардар, Гоце Седлоски, беше цел на критики и напади, често дури и навредуван, но вечерва си заминува со крената глава и како вистински шампион. Новиот селектор на Македонија го одведе Вардар до трофејот од Купот на Македонија минатата сезона, а круна на неговата работа во најтрофејниот македонски фудбалски клуб беше и шампионската титула оваа сезона.

Ретко кој веруваше во него, но вечерва со солзи во очите, со многу емоции, си заминува од Вардар, а на фудбалерите и на новиот тренер им посака следната сезона да се радуваат и на двојната круна.

„Честитки до моите фудбалери. Тие се најзаслужните. Една ипол година сум тука, освои и Куп и првенство. Навистина ми е жал што и годинава не го освоивме Купот на Македонија, па да комплетиравме и двојна круна. Кога ќе видиме каде беше Вардар пред година ипол пред да дојдам. Овој успех го заслуживме сите – и играчите и раководството. Им честитам на навивачите, на сите што беа со нас цело време. Мислам дека сосема заслужено ја освоивме титулата. Денес го напуштам Вардар … Овие момци дадоа се за мене, жал ми е, но им посакувам среќа, им посакувам успех. Му посакувам успех и на новиот тренер и добро да се претстави во Европа, а догодина да ја освои двојната круна.“ – рече тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, со солзи во очите по мечот против Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести