Вардар покажа класа и во шампионски стил ја декласира Шкендија

Фудбалерите на Вардар во шампионски стил ја завршија сезоната во Првата лига и со убедлив триумф над Шкендија со 3-0 покажа дека заслужено дојде до титулата.

Двете екипи одиграа квалитетен меч со шанси и на двете страни, но скопските „црвено-црни“ беа оние кои успеаја да постигнат голови.

Ајетовиќ во 20-тата минута си постигна автогол, а победата на Вардар се наѕираше по голот на Закариќ во 36-тата минута.

Во второто полувреме Шкендија имаше шанса да се врати резултатски, но Љатифи не успеа да реализира пенал во 70-тата минута, а неговите два обиди беа одбранети од голманот на Вардар, Давор Талески.

Конечните 3-0 ги постави Бобан Николов во 80-тата минута.

Вардар не само што победу, туку ова беше и најубедливата победа на скопските „црвено-црни“ над тетовските во последните 10 години, откако со истиот резултат славеа и во 2016 година.

На крајот Вардар со 83 бода дојде до шампионската титула по пауза од шест години, додека Шкендија ја завршува сезоната како вицешампион со 74 поени.

- Оглас -

Најнови вести