Вардар и официјално дојде до 12-тата титула – шампион на Македонија, односно 13-та ако се брои и онаа од поранешна Југославија. Скопските „црвено-црни“ дојдоа до првата титула по пауза од шест години и тоа на убедлив начин, откако ја финишираа сезоната со девет бода предност во однос на Шкендија.
Трофејот на капитенот на Вардар му го врачи претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.





