Градско дерби на католички Божиќ

Иако засега не е познат целосниот календар за натпреварување во новата сезона на НБА лигата, се знае кои пет дуели ќе бидат на програмата за католички Божиќ. На 25 декември, во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес силите ќе ги одмерат градските ривали Лејкерс и Клиперс.

Тоа ќе биде прв дуел на двата фаворити за шампионската титула во регуларниот дел од сезоната. Езерџиите предводени од Леброј Џејмс и Ендони Дејвис, ќе се спротистават на новоформираната велесила на чело со Кавај Ленард и Пол Џорџ.

Останатите четири средби се: Хјустон рокитс – Голден стејт вориорс, Денвер нагетс – Њу Орлеанс пеликанс, Торонто репторс – Бостон селтикс и Филаделфија севентисиксерс – Милвоки бакс.

- Оглас -

Најнови вести