Градско дерби во Маџари: Работнички е шансата на Вардар за излез од опасната зона (Фото)

Македонските фудбалски прволигаши пладнево ќе го одиграат последното, 22-ро, коло од вториот круг на Првата лига. Веќе од наредниот викенд започнува последниот круг, кој ќе се игра по еднокружен Бергер, а двојките ќе се определат според пласманот на табелата по денешното коло.

Денес најголемо внимание привлекува 75-тото градско дерби помеѓу Вардар и Работнички, кое за жал на навивачите, наместо онаму каде што му е местото, на Националната арена, ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. Вардар е поуспешен во меѓусебните натпревари против клубот од Дебар Маало со 32 победи, наспроти 25-те на Работнички, а 17 натпревари завршиле без победник.

„Романтичарите“ во моментов се во златната средина на табелата со 27 бода, додека Вардар е 10-ти, на место кое води во баражот за опастанок, со 21 поен, и со евентуална победа денес може да се пробие до сигурната зона. Тоа го велат и квотите во Sport Life, според кои Вардарци се во блага предност со квота од 2.23, додека квотата за победа на Работнички е точно 3.

На останатите натпревари најголем фаворит е екипата на Струга, која на домашен терен ја пречекува последнопласираната Македонија ЃП, а фаворити се и Шкупи и Шкендија на гостувањата против Брегалница, односно струмичката Брера.

Според квотите во Sport Life, неизвесност се очекува на натпреварите во Кавадарци и Охрид. Тиквеш во дуелот на старите ривали го пречекува Силекс од Кратово, додека амбициозниот Гостивар патува во Охрид на дуел против Воска, која минатото коло изненадувачки победи против Македонија ЃП на гостински терен во Ѓорче Петров.

- Оглас -

Најнови вести