Градското дерби во Њујорк повторно во знакот на Ајлендерс

Градското дерби во Њујорк повторно во знакот на Ајлендерс. За осмиот последователен триумф над Ренџерс, „островците“ стигнаа по голеадата од 7-5. По ефикасниот прв период, во кој двете екипи постигнаа по два гола, Ајлендерс победникот го одлучија во вторите 20 минути, третина која ја освоија со 3-1. Во остатокот од средбата се постигнаа уште четири гола, по два на двете страни.

Хокеарите на Минесота „здивеа“ против Ванкувер, па со убедливи 6-2 го запишаа 12-тиот овосезонски триумф. Победникот се одлучи по две третини, откако домаќините создадоа предност од 5-1, па без поголем притисок ги доиграа останатите 20 минути од средбата.

Торонто со пресврт и триумф од 5-3 успеа да украде бодови на гостувањето кај „ајкулите“ од Сан Хозе. Домаќините сите три гола ги постигнаа во првиот период, по кој имаа и предност од 3-2. Во продолжението на мечот, хокеарите на Торонто во три наврати ја тресеа мрежата, а цврстата одбрана гарантираше за 13-тиот триумф на Торонто во оваа сезона.

Резулати НХЛ:

Колумбус блу џекетс – Флорида пантерс 7-3

Њујорк ајлендерс – Њујорк ренџерс 7-5

Филаделфија флаерс – Њу Џерси девилс 0-3

Питсбург пингвинс – Тампа беј лајтнинг 3-4

Отава сенаторс – Детроит ред вингс 2-1

Минесота вајлд – Ванкувер канукс 6-2

Аризона којотс – Нешвил предаторс 2-1

Калгари флејмс – Монтреал канадиенс 2-3

Сан Хозе шаркс – Торонто мејпл лифс 3-5

 

- Оглас -

Најнови вести