Граѓаните денес ќе го запишат првиот триумф како нови англиски шампиони

1001 Њукасл – Манчестер сити (21ч)

Титулата е обезбедена уште во претходното коло иако Манчестер сити загуби од Челзи во дербито кое претставуваше загревање за големото финале во ЛШ. Затоа Граѓаните вечерва ќе ја остварат првата победа како нови шампиони во Премиер лигата, што нема многу да го погоди Њукасл, кој веќе си обезбеди опстанок и може да си дозволи пораз на домашен терен.

Сити на „Сент Џејмс парк“ последен пат загуби речиси две и пол години, додека нема примено гол против Њукасл во три последователни меча во лигата и ФА купот. Можеби домаќините ќе го скршат отпорот на тимот на Пеп, меѓутоа ги чека тешка пресметка и покрај тоа што се очекува Сити да игра во комбиниран состав.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.84)

 

1537 Брага – Мореиренсе (22:15ч)

Брага е сигурен учесник во Лигата на Европа за следната сезона, а на Мореиренсе му останува да се бори за шестото место на табелата, кое води во новото натпреварување на УЕФА, Лига на конференции.

На гостите им одговара само триумф за да го престигнат Гимараиш, но Брага ќе сака да си ја поврати формата бидејќи е без триумф во претходните четири кола. Ако се гледаат последните пет меѓусебни дуели, Брага има одичен скор од 4-1 и три врзани победи вкучувајќи го и првиот овосезонски меч кој на гости го доби со 4-0.

Можно е да има повеќе од два гола на средбата, како што беше случајот во претходните три меча на овие две екипи.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.89)

 

1311 Eспањол – Картагена (21ч)

Еспањол експресно се врати во шпанската елита, но вечерва нема да му помогне средбата против Картагена предвреме да го осигура опстанокот, за што има рок уште четири кола да ја оствари мисијата.

Тимот од Барселона сезонава го доби првиот меѓусебен дуел со 3-1, а воедно планира да ја задржи серијата од три и пол месеци без пораз во второто по ранг првенство во Шпанија, односно ќе се обиде да ја запише шестата домашна победа по ред.

Предлог тип: 1 (1.93)

 

1930 Ксамакс – Грасхоперс (20ч)

Грасхоперс на Никола Ѓорѓев вечерва мора да ја прекине лошата мини-серија од три порази ако сака како второлигашки првак да се врати во швајцарската елита. Со Тун се бие изедначена битка за првото место на две кола до крајот, па воедно гостите ќе сакаат да му се реваншираат на Ксамакс за тешкиот пораз од 1-4 на домашен терен претходно сезонава.

Домаќините како претпоследни во лигата ќе имаат уште една шанса да го потврдат опстанокот, но вечерва многу веројатно ќе ги препуштат бодовите на Скакулците во исчекување на ефикасен меч.

Предлог тип: X2 & 3-5 (2.60)

 

3551 Динамо Минск – Сморгон (19ч)

Динамо фати залет со три врзани победи, со кои застана пред БАТЕ Борисов во воведниот дел од сезоната во Белорусија, а за да се приклучи во шампионската трка со Солигорс, потребно е домаќините вечерва да слават против тимот кој веројатно ќе се бори за опстанок сезонава.

Динамо досега во четири домашни натпревари оствари три победи и еден пораз, додека Смогрон освои само еден бод во шест гостувања, па затоа е лесно да се предвиди дека екипата од Минск ќе ги присвои бодовите ако се знае дека Динамо не знае за лош резултат против вечерашниот противник.

Предлог тип 1-1 & 3+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести