Граѓаните еден месец ќе бидат без помошта од Матео Ковачиќ

Манчестер сити ќе биде без Матео Ковачиќ во следните неколку недели, а можеби и до еден месец, поради повреда. Менаџерот Пеп Гвардиола ја потврди информацијата на прес-конференција истакнувајќи дека тимот извесно време ќе мора да игра без него, со проценка дека тоа би можело да трае „неколку недели или околу еден месец“.

Ковачиќ заработи повредата на адукторот за време на натпреварот на Хрватска против Португалија во Лигата на нациите.

Наредниот период ќе биде исполнет со предизвици за англискиот шампион, со оглед на тоа што ги очекуваат тешки натпревари.

Серијата започнува со утрешниот дуел против Тотенхем, а до 22 декември тимот ќе се соочи со ривали како Ливерпул, Астон вила и Манчестер јунајтед. Дополнително ќе имаат и важни средби во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести