Граѓаните имаат идеална шанса да покажат дека не се во криза, Кралевите се фаворити во мадридското дерби

1006 Борнмут – Манчестер сити (18.30 ч.)

Манчестер сити минатиот викенд одигра 1:1 на гостувањето кај Нотингам форест, а без победата остана со гол примен во финишот од натпреварот. Граѓаните потоа ремизираа и во првиот осминафинален натпревар во ЛШ против Лајпциг и тоа по истиот рецепт, поведоа, па примија гол.

Киксот со Нотингам го искористи Арсенал, да им избега два бода на лидерската позиција и згора на тоа има натпревар помалку. Поради тоа, Сити не смее да си дозволи нов кикс, посебно не против тим кој се бори за опстанок, а дополнителен мотив за Граѓаните ќе бидат критиките дека во последно време не се ефикасни на гостувањата.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.08)

 

1804 Хофенхајм – Борусија Дортмунд (15:30 ч.)

Милионерите заедно со Наполи се екипи кои играат фантастично во 2023 година. Борусија славеше во сите осум официјални натпревари годинава, а победи и во двата пријателски дуели, и очекувано е фаворитската улога да ја има и на гостувањето кај Хофенхајм.

Спротивно на Борусија, Хофенхајм се наоѓа во серија од пет порази по ред, четири во Бундеслигата и еден во Купот на Германија, а последниот дуел на домашен терен загубија од Баер со 1:3.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.12)

 

3001 Емполи – Наполи (18.00 ч.)

Наполи сигурно чекори кон титулата во Серија А која би била прва во 1990 година, има 15 бода предност пред второпласираниот Интер. Емполи се наоѓа на 12-та позиција, и во последните два меча во Серија ремизира против Специја и Фиорентина. Наполи на гостувањата во 2023 година нема доживеа само еден пораз, но интересно е што сите натпревари завршија со најмногу три постигнати голови.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.35)

 

1004 Лестер – Арсенал (16:00 ч.)

Арсенал во минатото коло во драматичен натревар и со два гола во судиското продолжение ја совлада Астон Вила со 4:2, додека Лестер доживеа убедлив пораз (3:0) на гостувањето кај Манчестер јунајтед. Според традицијата, на меѓусебните дуели редовно се постигнуваат голови, а кога се игра на „Кинг Пауер“ тогаш често и двете екипи ги тресат мрежите.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.08)

 

1304 Реал Мадрид – Атлетико Мадрид (18.30 ч.)

Градското дерби меѓу Реал и Атлетико е во фокусот на 23-то коло во Ла Лига. И двата тима се наоѓаат во одлична форма, победија на последните два меча во Ла Лига, а згора на тоа Кралевите во вторникот го декласираа Ливерпул на гости со 5:2 и тоа со пресврт, во осминафиналето од Лигата на шампионите. Реал во последните три меѓусебни дуели што се играа на „Сантијаго Бернабеу“ во рамки на Ла Лига оствари три победи (2:0, 2:0, 1:0).

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.65)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести