Граѓаните немаат намера да му понудат нов договор на Де Бројне, веќе го пикираа неговиот наследник

Управата на Манчестер сити одлучи да го одложи преговорите за нов договор со еден од своите најдобри фудбалери, Кевин де Бројне.

Актуелниот договор на Де Бројне истекува во 2025 година, но англиските медиуми пишуваат дека управата на Граѓаните не сака да го продолжи договорот поради честите повреди на Белгиецот.

Фудбалерот моментно е повреден, неговото враќање се очекува на стартот од идната година,а минатата сезона на 49 меча постигна 10 гола и имаше дури 31 асистенција.

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, веќе го пикира неговиот наследник, тоа треба да биде фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала.

- Оглас -

Најнови вести