ГРЕБИ ЗА ЕКО СКУТЕР, ВОЗИ BMW X1

Државна лотарија со задоволство најавува уште една возбудлива игра што нуди можност за освојување паричен бонус, а во игра се и две атрактивни возила BMW X1. Се учествува со недобитни инстант лозови „Еко скутер“, преку веб-страницата ‒ www.loto.mk.

Со бонус играта „Заврти екоскутер тркало“ сите недобитни инстант лозови од серијата под име „Еко скутер“ добиваат втора шанса за добивка. Право за учество во бонус играта има секое полнолетно лице коешто преку веб-страницата www.loto.mk ќе регистрира недобитен инстант лоз „Еко скутер“.

Чекорите за регистрирање недобитен инстант лоз се следните:

  • Отворање свој кориснички профил на веб-страницата на Државна лотарија ‒ loto.mk.
  • Регистрирање недобитен инстант лозот „Еко скутер“ на страницата на бонус играта „Заврти екоскутер тркало“ со внесување два броја во отворените прозорци:
    • 11-цифрен број (сериски баркод) што се наоѓа на задната страна на лозот и
    • 8-цифрен број (контролен баркод) што се наоѓа на предната страна на лозот, под полето прекриено со заштитен слој на коешто пишува ‒ НЕ ГРЕБИ!.

Можноста за учество беше најавена во лото емисијата на 30 октомври, а ќе трае заклучно со 23.3.2022 година.

Во текот на овој период, по еднаш седмично, секоја сабота, почнувајќи од 6.11.2022 год., во лото емисијата ќе се извлекува по еден од учесниците којшто ќе биде поканет во живо да го заврти тркало на среќата со можност да освои парична добивка. Секоја сабота, почнувајќи од 6 ноември, ќе се извлекува по еден од учесниците којшто регистрирал недобитен лоз „Еко скутер“  во период – од сабота 19:01 часот, заклучно со следната сабота (до 19:00 часот). Бројот на лозови што корисникот може да ги регистрира во текот на една седмица (едно коло од бонус играта) не е ограничен, Извлекувањето ќе го реализира по електронски пат со помош на генератор за случаен избор на броеви и во присуство на комисија. Во текот на бонус играта секој којшто учествува ќе добие еднаква шанса да биде извлечен, а неговото учество ќе му дари единствено искуство да биде специјален гостин во судиото на Лото 7, да го заврти тркалото на среќата и да добие 50.000, 100.000 или 150.000 денари. Нашиот гостин ќе го очекува навистина забавен престој во студиото на Лото 7, дружење, време за паметење и, секако, добивка.

Сите недобитни регистрирани инстант лозови „Еко скутер“ влегуваат во игра за две возила BMW Х1, и тоа со две извлекувања по електронски пат:

  • Првото извлекување ќе се одржи на 8.1.2022 година, а ќе учествуваат сите лозови коишто претходно не биле извлечени за парична добивка од прво до десетто коло.
  • Второто извлекување за BMW Х1 ќе се одржи на 19.3.2022 година. Ќе учествуваат сите регистрирани инстант лозови коишто претходно не биле извлечени за парична добивка (од 11-то до 20-то коло).

Со купување на пакет 5 + 1 „Еко скутер“, давате Ваш придонес во општествено-одговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќа и солидарност“ наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против КОВИД-19.

Со инстант лозот „Еко скутер“ имате можност да бидете еко и да бидете хумани, а доколку вашиот инстант лоз е недобитен, може да добиете паричен бонус или да возите BMW Х1.

Повеќе податоци можете да најдете на www.loto.mk

 

- Оглас -

Најнови вести