Грег Попович испиша историја – Највеќе победи во историјата на НБА лигата (ФОТО)

Легендарниот тренер на Сан Антонио спарс, Грег Попович стана стратегот со највеќе победи регу во историјата на НБА лигата.

Тој со триумфот над Јута џез од 104:102 стигна до бројката од 1.336 натпревари на кои забележал триумф седејќи од клупата. Зад него остана уште една легенда на НБА лигата, Дон Нелсон со 1.335 победи, додека под број три е Лени Вилкинс со 1.332 победи.

Јасно е дека овој рекорд дополнително ќе биде подобрен бидејќи тимот од Тексас има уште 15 натпревари до крајот на регуларната сезона, а тие во моментов се на 11-та позиција во Западот и се борат за 10-то место кое што носи и настап во дополнителниот плеј ин турнир.

- Оглас -

Најнови вести