Гремио како брз воз мина низ Парагвај (Видео)

Екипата на Гремио без никакви проблеми се пласираше во четврт-финалето на Копа Либертадорес, откако на гости го совлада парагвајски Либертад со 3-0, и со вкупни 5-0 оди понатаму во битка за титулата.

Сите три гола паднаа уште во првото полувреме и дилемите рано без разрешени. Андре беше двоен стрелец, додеја Пјер даде еден гол од пенал.

Во четвртфиналната рунда, Гремио ќе се сретне со бразилскиот првак Палмеирас, а во истата половина од ждрепката се и другите две бразилски екипи, Интернасионал и Фламенго, и ова значи дека во финалето, ќе има еден бразилски клуб. Ова е првпат во историјата на Копа Либертадорес, пред почетокот на четвртфиналињата да се знае дека една земја ќе има финалист.

Погледнете ги головите кои паднаа рано утрово:

- Оглас -

Најнови вести