Грешка на Столе Димитриевски му донесе пораз на Рајо (Видео)

Алавес попладнево го победи Рајо Валјекано со 1-0, а за жал, главен виновник за примениот гол на мадридскиот тим беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Хоселу од далечина упати шут кон голот, Димитриевски ја имаше топката и сакаше да ја избоксува, но лошо го направи тоа, и од неговата рака, замина во голот. Од 25-те гола на Алавес сезонава, Хоселу даде дури 13.

Алавес прекина серија од четири порази по ред, и освои три важни бода во битката за опстанок. Рајо е на шест бода над опасната зона.

Голот може да го погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести