Гриезман одлучил каде ќе игра, и се пошегува со Леброн Џејмс

Францускиот напаѓач Антоан Гриезман, изјави дека веќе донел одлука во кој клуб ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Атлетико Мадрид. Се шпекулира дека Барселона е новиот клуб на Гриезман, но официјално ќе се знае после 1 јули, откако откупната клаузула од 200 ќе му падне на 120 милиони евра.

Популарниот Гризи се пошегува со она легендарно интервју на кошаркарот Леброн Џејмс, наречено „Одлука“, кога на телевизија кажа дека од Кливленд кавалирс се сели во Мајами хит.

„Веќе донесов одлука за мојата иднина. Се знае во кој клуб ќе играм. Можам да кажам дека не е Мајами. Таму можеби ќе одам за седум години, хахаха“ – изјави Гриезман, кој во следната сезона ќе го носи дресот на Барса, ПСЖ или Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести