Гриезман откри зошто направи фризура за да изгледа како девојче

Антоан Гриезман ги изненади сите откако на дуелот против Реал Сосиедад се појави со нов имиџ. Францускиот репрезентативец на теренот истрча со плетенки на косата. Кога ќе се погледне од позади, Гриезман изгледаше како девојче.

Самиот фудбалер откри зошто го сменил имиџот. „Миа стил“, напиша Гриезман на својот Инстаграм профил.

Миа е четиригодишната ќерка која очигледно побарала нејзиниот татко да го смени имиџот.

 

- Оглас -

Најнови вести