Гриезман призна за проблемот со Меси

По турбилентниот летен преоден рок, Лионел Меси дефинитивно останува во Барселона, а Аргентинецот веќе одработи и неколку тренинзи. Покрај Меси, засега сигурен во нападот на каталонскиот гигант е и Антоан Гриезман, кој пред една година пристигна на „Камп ноу“ за сума од 120 милиони евра.

Во првата сезона, францускиот репрезентативец не ги оправда очекувањата. Во 48 одиграни меча, Гриезман даде само 15 гола, а имаше четири асистенции. Многупати се пишуваше дека е во лош однос со Меси и дека затоа Гриезман едноставно е бледа копија од тоа кога играше во Атлетико Мадрид.

„Мојата иднина е во Барселона и среќен сум тука. Имам доверба кај новиот тренер и супер се чувствувам. Минатата сезона беше комплицирана за мене, но тука сум и сакам да се докажам“, рече Гриезман, кој се осврна и за неговата релацијата со Меси.

„Имам проблеми со Меси, а тоа е истиот проблем што го имам и со Мбапе во репрезентативниот дрес. Не се пронајдовме на прва на теренот и едноставно ни е потребно време за да почнеме заеднички да соработуваме. Сепак, мислам дека со Меси на теренот ќе ми биде многу полесно да ја пронајдам препознатливата игра“, објасни францускиот голгетер.

- Оглас -

Најнови вести