Гриезман: Прво титула со Барса во ЛШ, а потоа одам во САД

Еден од најдобрите фудбалери во репрезентацијата на Франција, која е актуелен светски првак, Антоан Гриезман, сака кариерата да ја заврши играјќи за клуб во американскатга МЛС лига. Гриезман моментно е член на Барселона, а условот за трансфер во клуб од МЛС му е прво со каталонците да ја освои шпанската лига и Лигата на шампионите.

Гризи планира да тргнер по стапките на ѕвезди како Бекам, Ибрахимовиќ, Пирло и други, кои дел од кариерите ги минаа во МЛС лигата, но би останал во Барселона најмалку до 2022 година.

„Освојувањето на Лигата на шампионите и шпанската лига е мој сон, и главна цел. Откако ќе ги освојам овие трофеи, би сакал и уште една светска титула со Франција на Мундијалот во Катар, а потоа би преминал во МЛС лигата. Не знам во кој клуб би играл, но сакам да играм таму и кариерата да ја завршам во САД, каде истотака би се борел за титула“ – вели 29-годишниот Гриезман кој е голем фан и на НБА лигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести