Гриезман со еврогол ги запали, а Меси со прекрасен погодок ги дувна роденденските свеќи на Барселона (Видео)

Антоан Гриезман со еврогол што ќе се памети ги запали роденденските свеќи на Барселона, клуб што денеска го слави 121. роденден, а прославата не можеше да пројде и без фантасичен гол на Лионел Меси, најголемата фудбалска ѕвезда во долгата историја на шпанскито гигант.

Барселона ја победи Осасуна со 4:0 и го прослави роденденот. Клубот е формиран на 29. ноември во 1899 година и е еден од најстарите во Шпанија со столетна традиција што се слави во три века.

Победата во славенчичка атмосфера ја најави Брајтвајт со погодок во 29. минута, а потоа се истакна Антоан Гризман. Францускиот ас постигна еврогол во 42. минута како убав подарок за славеничкиот ден на Барселона.

https://twitter.com/FTTV50/status/1333044712656302083?s=20

Потоа прецизен беше и Кутињо, а имаше и два поништени гола, еден на Осасуна и еден на Барселона. И за крај очекувано Лео Меси имаше своја фудбалска магија и стави печат на убедливиот триумф со прекрасен погодок во 73. минута.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести