Грилиш е без осет: За банална работа сакаше да се тепа на пријателски меч (Видео)

Манчестер сити е на турнеја во САД и утрово го одигра првиот контролен меч против Клуб Америка од Мексико. Граѓаните победија благодарение на двата гола на Кевин де Бројне, а освен погодоците, мечот имаше уште еден момент за памтење, но не по фудбалска мајсторија, туку поради нервозата која ја покажа англискиот репрезентативец Џек Грилиш.

Се играше првото полувреме, Грилиш беше во напад и кога падна на земја, го закачи голманот Гилјермо Очоа, а овој пријателски му подаде рака на противникот да стане. Тогаш Грилиш почна да се лути и настана тензија меѓу двајцата, а Англичанецот прв реши да го турне противникот. Тогаш настана мешаница, но, за среќа, без посериозни последици.

https://twitter.com/i/status/1549939369364045826

- Оглас -

Најнови вести