Грилиш ќе испадне таличен за Манчестер сити, на Астон вила и одговара да загуби во недела на „Етихад“

Манчестер сити има моќен адут во Џек Грилиш и скапото засилување од Астон вила за кое платија неверојатна сума од 117,5 милиони евра може да им ја донесе титулата.

Актуелниот првак на Англија игра токму против Астон вила, во недела од 17 часот, во последното коло во Премиер лигата и ако победи, ќе ја одбрани шампионската круна.

Во таков случај клубот од Бирмингам ќе добие голем бонус од 18 милиони евра, предвиден со договорот при трансферот на Грилиш во Манчестер сити, што значи дека им одговара пораз во недела на „Етихад“ и Граѓаните да ја освојат титулата.

Навивачите на Ливерпул се „крстат“ во својата голема легендани миленик, Стивен Џерард, кој е тренер на Астон Вила, па покрај чудо во Манчестер им треба и победа против Вулверхемптон на „Енфилд роуд“ за пресврт и шампионска круна.

Последното коло се игра во недела, сите натпревари почнуваат во 17 часот, а Манчестер сити има 90 бода, еден повеќе од Ливерпул.

Постои и варијанта двете екипи да играат мајсторка за титулата, но тоа е речиси невозможна мисија, според сите важечки критериуми во трката за нов шампион на Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести