Грилиш се јави: Лага е дека не сакав да шутирам пенал, се пријавив веднаш

Џек Грилиш одговори на критиките дека не бил доволно храбар да преземе одговорност во финалето и да се пријави сам за шутирање пенал во рулетот што ѝ ја донесе европската круна на Италија против Англија.

Играчот на Астон вила трпи критики, дури го обвинуваат дека се сокрил за да не шутира пенал откако Англија загуби со 2:3 по лошите изведби на Рашфорд, Санчо и Сака.

Токму на критиката на „Скај спортс“ на „Твитер“ дека Стерлинг или Грилиш требало да реагираат и да преземат одговроност пред 19-годишниот Бакајо Сака, кој го утна последниот пенал за Англија, одговори Грили.

„Јас веднаш реков дека ќе шутирам пенал. Не дозволувам да ме обвинуваат за нешто што не е вистина“, напиша меѓу другото Грилиш.

Англија остана без долго посакуваната европска круна со пораз на пенали од Италија, откако во регуларниот дел и по продолженијата резултатот беше 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести