Грин: Бостон не може повторно да даде толку тројки, од мене зависи дали ќе победиме!

Една од ѕвездите на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин, прогнозира дека вечерва на вториот меч од големото НБА финале, екипата на Бостон селтикс нема шанса да го повтори шутерското издание од првиот дуел.

„Ни дадоа 21 тројки, од кои 15 беа на Смарт, Хорфорд и Вајт. Овие тројца погодија 15 тројки од 23 обиди. Тоа нема да се повтори. Ќе треба да играме поагресивно во одбрана. Ако јас играм добро, сигурно ќе победиме, а и ако не играм може да победиме, но не е сигурно“ – вели Грин кој потфрли на првиот меч, кога заврши со само 4 поени со шут од поле 2/12, а имаше три загубени топки и направи шест лични грешки.

- Оглас -

Најнови вести