Гризи со два „залака“ го „изеде“ Валјадолид

Французинот Антоан Гризман со два гола и една асистенција при голот на Никола Калиниќ, беше најрасположен во редовите на фаворитот и творец на победата на Атлетико Мадрид против Валјадолид. Гризман беше и славеник, бидејќи ова му беше 300-ти меч во кариерата во шпанската лига (има 124 гола). Со овие три бода, Атлетико се изедначи со лидерот Барселона, која има и еден натпревар помалку.

Атлетико имаше комотно водство од 2-0 по првите 45 минути, но Валјадолид не се предаде и со два гола изедначи на 2-2, внесувајќи целосна неизвесност. Сепак, во 80 минута Гризман го постигна решавачкиот гол за гостите. Хрватот Калиниќ откако го даде својот прв гол сезонава во претходното коло, повторно се запиша во листата на стрелци.

„Јорганџиите“ имаат серија од 13 меча по ред без пораз во домашното првенство. Со 83 гола, Гризман е најефикасниот странец во историјата на Атлетико. Со 266 меча на клупата на Атлетико, Диего Симеоне е на трето место на вечната листа на тренери кои најдолго воделе еден тим во шпанската лига.

Историја испиша и судијата Ундијано Малјенко. Тој е првиот арбитар во Шпанија кој судел на 100 меча на кои победиле гостите. Кога суди овој човек, домашните победувале 144 пари, гостите 100, а нерешено било 92 пати.

- Оглас -

Најнови вести