Гриезман бираше меѓу Јувентус и Барса и на крајот одбра петгодишен договор

Антоан Гриезман во следната сезона ќе го облече дресот на Барселона. Според најавите од францускиот весник „Екип“, Гриезман решил да потпише петгодишен договор со гигантот од „Камп ноу“, иако за него се интересирал и италијанскиот шампион Јувентус.

Францускиот голгетер, кој се прослави во дресот на Атлетико Мадрид, синоќа најави дека си заминува од таборот на „јорганџиите“, а денеска веќе е јасна и неговата иднина. Гриезман ќе потпише петгодишен договор со Барселона, а годишно ќе заработува по 17 милиони евра по сезона.

Гриезман уште пред една година ги имал договорено личните услови со Барселона, но тогаш Атлетико не сакаше да го пушти, па трансферот пропадна. Интересно е што платата која ќе ја добива во Барселона е помала од тоа што досега заработуваше во Атлетико. Во Мадрид, тој имаше договорено да игра за 21 милион евра по сезона, што значи дека сега ќе добива по четири милиони евра помалку.

На 1 јули ќе почне рокот кога Барселона ќе може да ја плати откупната клаузула вредна 120 милиони евра, па Гриезман и официјално да биде претставен како нов играч на актуелниот првак на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести