Гриезман го учи син му да навива за Олимпик Марсеј

Францускиот напаѓач Антоан Гриезман пред почетокот на оваа сезона, од Атлетико Мадрид се пресели во Барселона, го најавуваа како огромно засилување, но некако соработката со Лионел Меси не му беше како што очекуваше. Меси преферира други напаѓачи, па Гризи во Барса работата си ја врши професионално, додуша и не потфрли толку многу како некои други скапи засилувања.

Овојпат Гриезман се најде во центарот на вниманието затоа што на „Твитер“ се пофали дека на син му му купил спортска опрема од Олимпик Марсеј. Клубот од големото француско пристаниште е омилен на Гриезман, па тој сака и син му да биде фан на клубот кој во 1993 година беше европски првак.

Веројатно на фановите на Барселона не им е мило што фудбалерот на каталонскиот гигант на својот син не му подари дрес, гаќички и чорапи од Барселона, туку од туѓ клуб. Но, Гриезман сепак е странец и не може да го заборави минатото. Се појави и една фотографија на која Гриезман како дете седи на „Велодром“ во Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести