Гризман се посрамоти при изведувањето на пеналот, Атлетико даде три гола, но само еден му се важи (Видео)

Атлетико Мадрид е последен поллуфиналист во шпанскиот Кралски куп откако вечерва со 1:0 ја совлада Севиља.

По елиминацијата на Реал Мадрид во претходната рунда и сега на Севиља, токму Атлетико е главен фаворит за триумф во Кралскиот куп, а во игра за трофејот се уште и Атлетик Билбао, кој во четвртфиналето беше подобар од Барселона (4:2 по продолженија), Реал Сосиедад, кој беше подобар од Селта (2:1), и Мајорка, која ја изненади Жирона (3:2).

Херој на Јорганџиите е Мемфис Депај, кој единствениот гол го постигна во 79-тата минута и кој му беше признат од судијата Манцано.

Атлетико Мадрид во второто полувреме, во 60-тата и во 68-мата минута постигна два гола преку Гризман и Депај, но беа поништени поради офсајд.

Интересен момент се случи во првото полувреме, при шутот од белата точка на Антоан Гризман во 26-тата минута. Имено, Гризман при залетот се лизна и топката ја испрати над голот на Ниланд.

Возбудливо беше и во финишот, кога судијата досуди пенал за Севиља, но по прегледување на спорниот момент, ја промени одлуката, по што Атлетико славеше со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести