Гризман со чудесен рекорд

Со настапот на дуелот против Казахстан, Антоан Гризман постави интересен рекорд во француската репрезентација. Ѕвездата на Барселона стана првиот играч во составот на Галските петли кој успеал да одигра 45 меча по ред за националниот тим.

Серијата на Гризман започна во август 2017 година кога даде гол, а имаше и асистенција на мечот против Холандија, во квалификациите за СП 2018 година. Од тој меч, па до сега, напаѓачот е незаменлив во националниот тим. ТОј беше и еден од најзаслужните за триумфот на Франција на Светското првенство во Русија.

Во финалето на Мундијалот, Гризман против Хрватска даде еден гол, а имаше и една асистенција.

 

- Оглас -

Најнови вести